АХМЕТИ ГО АНГАЖИРАЛ АВТОРОТ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР ЗА ДА ОБЕЗБЕДИ НЕГОВО ПОЧИТУВАЊЕ: Арбер Адеми со деталите
Претседателот Ахмети најави серија на активности за да се почитува Охридскиот договор и етничкиот легитимитет кој што извира од духот на ОД, следствено на тоа, има ангажирано меѓународна експертска екипа предводено од страна на Paul Williams, авторот на текстот на Охридскиот договор во 2001, соопшти Арбер Адеми на фејсбук.
„Екипата работи на неколку предлог идеи за да се оневозможи непочитување на волјата на гласачите во иднина и нарушување на духот на Охридскиот договор, истакнувајќи дека суштината на Охридскиот Договор е дасе спречи доминацијата на мнозинството (мајоризација) над втората по големина етничка заедница промовирајќи вистинска мултиетничка и консензуална демократија“ наведе тој.
Фото: Арбер Адеми/Фејсбук
Слично
