Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети ги свика сопартијците во Мала Речица, ќе има ли конечна одлука?

Ахмети ги свика сопартијците во Мала Речица, ќе има ли конечна одлука?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го свика централното претседателство  на партијата  за попладнево во 17.30 часот, потврдуваат за ТВ 24 од ДУИ. 

На состанокот  потпретседателската тројка ќе  го презентира пакетот и ќе реферира за текот на преговорите со СДСМ.

Дел од отворените прашања во законот за албанскиот јазик  уште се отворени, а преговарачките тимови со експерти работат на тие делови во пресрет на централното претседателство.  Од ДУИ велат дека не се исклучува доколку не се затворат до централното претседателство, паралелно да течат преговорите со СДСМ за законот и да се одвива состанокот во ДУИ.

Состанокот во Мала Речица доаѓа по синоќешната лидерска средба на  Зоран Заев и Али Ахмети. За дел од прашањата има усогласени ставови, но има и отворени прашања. 

Слично

Поврзани вести