Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Фала и на Европа, нема назад, Иванов да го даде мандатот

Ахмети: Фала и на Европа, нема назад, Иванов да го даде мандатот

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера се состанал со амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар, со кој разговарал за инцидентите во Собранието и идните предизвици.

Ахмети на средбата го осудил насилството во Собранието и ја повторил позицијата на ДУИ дека сега нема враќање.

„По изборот на собранискиот претседател, претседателот Иванов мора да му го даде мандатот на новото парламентарно мнозинство кое ќе формира влада“, соопшти ДУИ.

Ахмети му се заблагодарил на Жбогар на поддршката во меѓународната заедница, велејќи дека македонските политичари треба да ја одржат безбедноста и стабилноста на земјата како одговор на регионални и политички обиди за дестабилизација.

Слично

Поврзани вести