Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Еден дел поддржувачи на ДУИ гласаа за Река

Ахмети: Еден дел поддржувачи на ДУИ гласаа за Река

Еден дел поддржувачи на ДУИ гласаа за кандидатот Блерим Река во првиот круг од претседателските избори, но во вториот в недела ќе го поддржат Стево Пендаровски, рече Али Ахмети, претседателот на владиниот коалиционен партнер, во емисијата „Отворено“ синоќа на 1ТВ.

- Нашите симпатизери и поддржувачи нема да се индиферентни. Тие ја препознаваат важноста на моментот. Имаме зрело гласачко тело кое знае дека треба да испрати една позитивна порака до Европа. Ние не правиме политика со двојни стандарди. Не сме дволични да работиме поинаку од тоа што е договорено, рече Ахмети.

Река претходно излезе во јавноста и му порача на својот електорат кој му даде безмалку 80.000 гласови да излезе да гласа и во вториот круг без да наведе за кого - дали за Пендаровски или Гордана Силјановска Давкова, поради тоа што, како што вели тој, не сака да тргува со своите гласачи.

- Блерим Река упати „камуфлиран“ повик да се гласа.за Пендаровски бидејќи рече да се одбере опцијата што е за Европа - наведе Ахмети.

Додаде дека нема ништо против што премиерот Зоран Заев синоќа требаше да се состане со претседателите на Алијансата за Албанците и БЕСА - Зијадин Села и Билал Касами, бидејќи не станува збор за никакво коалицирање.


Слично

Поврзани вести