Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: ДУИ го почитува уставниот поредок како и унитарниот карактер

Ахмети: ДУИ го почитува уставниот поредок како и унитарниот карактер

ДУИ го почитува унитарниот карактер на Македонија. 

Партијата ги поддржува измените на Изборниот законик, за да се овозможи нормално функционирање се до одржување на изборите и изборот на новата администрација, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по средбата со италијанскиот амбасадор во Македонија, Карло Ромео. 

Ахмети и Ромео разговараа за формирањето на новата Влада и за настаните на 27 април во Собранието како и за локалните избори, додаваат од партијата. 

Тој на средбата нагласил дека ДУИ го почитува уставниот поредок како и унитарниот карактер на земјата, додека новата реформска влада треба што поскоро да се избере и да почне со работа. Појаснил и дека нема никакви пречки за одложување и дека приоритет на новата влада се реформите во судството, евро-атланската интеграција, Охридскиот Договор, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и економскиот развој и отворањето на нови работни места, информираат од ДУИ.

Слично

Поврзани вести