Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети до Османи: „Зошто се гориш себеси за Монструм“

Ахмети до Османи: „Зошто се гориш себеси за Монструм“

Во Кривичен суд денеска продожи читањето на транскрипти од смс пораки и друга комуникација за случајот кој ја потресе државата во 2012 година кога кај Смилковско езеро беа убиени млади момчиња и еден рибар.

Повеќето од смс пораките прочитани на денешното рочиште беа во периодот од 3 до 8 мај 2012 година меѓу тогашните политичари, а кои биле таргет на следење и биле дел од аудиоматеријалите доставени до СЈО.

Според она што беше презентирано во една смс порака лидерот на ДУИ Али Ахмети на Бујар Османи му пишува „Зошто се гориш себеси за Монструм. Те видов вчера и ми беше жал, ти не си голема функција во влада, зошто не избегна да збориш за тоа”.

Целата тема е доста чувствителна а многу  делови од смс пораките се однесуваат на тоа како мотивот и причините изнесени од полицијата влијае во јавноста. 

Друг дел смс пораки, како апсењата влијаат на албанската заедница и како изјавите во јавноста за случајот може дополнително да наштетат или пак што може да биде доколку со екстрадицијата за случајот се вклучи и косовската страна.

Поранешната министерка за внатрешни работи во смс порака од 8 мај 2012 година се жали како„ДУИ на сите страни шират лаги за постапувањето на МВР и дека тоа создава големи тензии”.

Потоа серија смс пораки од 8 мај 2012 година разменуваат поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерката Гордана Јанкулоска, Мартин Протиѓер и Илија Димовски со иста содржина и тоа „Мислам дека некоја организација на жени или МПЦ мора да реагира на ИВЗ, испаѓа дека жените муслиманки дома смеат да чуваат тенкови, а полицијата не им смее ништо”.

Во друга смс комуникација меѓу Груевски и Јанкулоска зборуваат за напис од „Плус инфо” каде е објавено името за заштитениот сведок и дали може требаат дополнителни мерки да го заштитат, по што друг дел се завршува темата со тоа „или сакаат само да направат притисок, а тој се наоѓа во Штип, каде тој сам барал да не биде повеќе заштитен сведок”.

Во убиството настрадаа момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Слично

Поврзани вести