Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХМЕТИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Aко се патриоти, тогаш треба да поддржат промена на Уставот

АХМЕТИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Aко се патриоти, тогаш треба да поддржат промена на Уставот

Aко се патриоти, тогаш треба да поддржат промена на Уставот, за македонскиот народ да биде легитимиран, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети за македонската опозиција која е против внесувањето на Бугарите во Уставот. 

Ахмети денеска во годишното обраќање кажа дека нашата иднина е Европа и апелираше балканските земји да чекорат заедно. 

„Нашата иднина е Европа, ние сме Европејци и нема како да се двоуми Европа за членство на нашата земја, Албанија, Косово и Црна Гора, до исполнување на стандардите и на Србија со прифаќање на најновата држава во Балканот, Косово. Сите сме Европејци. Затоа апелирам, исто како што сум рекол и пред десет години, затоа што Украина не е далеку, велам не на Русија – да на Европа, и да чекориме сите заедно, рамо до рамо, се до реализација на оваа програма“, рече Ахмети.

Вели дека не постои поголема услуга за народот од членството во ЕУ. Maкедонија не направи уставни измени и не почна преговори со ЕУ. Украина и Молдавија почнаа преговори, а Грузија доби статус кандидат. 

Но, министерката за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел рече дека уставните измени не се единствен услов за Македонија. Власта и опозицијата различно ја толкуваа оваа изјава. 

Слично

Поврзани вести