Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети до Дардишта: Tаквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата

Ахмети до Дардишта: Tаквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја осуди изјавата на нивниот член Шкодране Дардишта, која повика на војна, откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека има ново мнозинство. 

Ахмети вели дека таквата изјава не оди во полза на нивната кауза. 

„ДУИ во каузата ја има слободата и таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата“, рече Ахмети. 

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека радикалната изјава на Шкодране Дардишта од ДУИ, која се заканува со војна, го натерала да и одговори во нејзин стил, уверен дека ваквата популистичка, заканувачка и распалувачка реторика веќе не минува кај мнозинството македонски граѓани.

Тој и порачува дека ако таа ги чува своите стари чизми на таванот во старата куќа, тие во нашите заеднички полициски станици и армиски касарни имаат нови гојзерици.

Претходно, Борис Крмов од Левица ја критикуваше изјавата на Дардишта. 

Слично

Поврзани вести