Ахмети: Денешниот ден е многу посебен за секој од нас, за земјата, за регионот
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на Фејсбук напиша дека денешниот ден е многу посебен за секој од нас, за земјата, за регионот, но и за евро-американската заедница на заедничките демократски, мирољубиви и солидарни вредности.
„Да бидеме горди што ги доживуваме овие денови заедно и имаме можност да дадеме придонес во реализацијата на нашата цел и градењето на иднината. Денес го жнееме тоа што сме го посеале низ децениите зад нас, заедно и непоколебливи од целта“, напиша тој.
Членови на НАТО и Македонија денеска потпишаа протокол за влез во Алијансата.Овој чекор го поздравија многу земји од регионот и пошироко како нешто што ќе значи поголема стабилност.
Слично
