Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Честитки драги граѓани, овој наш долг ангажман се заокружи

Ахмети: Честитки драги граѓани, овој наш долг ангажман се заокружи

Откако Шпанија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО, се огласи и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

Вели дека сега процесот е заокружен. 

„Честитки драги граѓани, овој наш долг ангажман исполнет со непрекинати напори денес се заокружи со Шпанија, преку последната ратификацијата на протоколот за членство“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Претходно, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг честиташе. 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров се заблагодари за ратификацијата која помина без ниту еден глас против. 

За прв пат во својата историја официјален Мадрид направи преседан и со гласање од далечина преку видео-конференција ја внесе Македонија во НАТО. 

Слично

Поврзани вести