Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети благодарен за охрабрувањето од Тирана, за новата влада сите се консултираат

Ахмети благодарен за охрабрувањето од Тирана, за новата влада сите се консултираат

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изрази бладарност за охрабрувањето кое го добиле од официјална Тирана при склучувањето на сеалбанската платформа која ја договорија со БЕСа и Алијансата на Албанците. 

Тој денеска на средба со албанскиот амбасадор во Македонија, Фатос Река разговараше за политичките случувања во земјава и во регионот по изборите на 11 декември, соопштија од ДУИ.

„Ахмети го запозна амбасадорот Река дека продолжуваат интензивните консултации со партиските тела, со интелектуалци и со претставници на граѓанското општество и на меѓународната заедница, на дневна основа“, соопшти ДУИ.

Ахмети истакнал дека изјавата на албанските политички партии е заеднички производ од нивните изборни платформи и изразил уверување дека било искрено и конструктивно охрабрувањето од Тирана и од Приштина за тоа внатрешно постигнување.


Слично

Поврзани вести