Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Албанците и Македонците имаат заеднички интереси, затоа се договоривме со СДСМ

Ахмети: Албанците и Македонците имаат заеднички интереси, затоа се договоривме со СДСМ

Али Ахмети, претседателот на Демократската унија за интеграција од кампањата во Сарај посочи дека договорот со СДСМ е постигнат поради заеднички интерес како на двете партии, така и затоа што Македонија нема друга алтернатива освен соработка меѓу двете најголеми заедници – Албанци и Македонци.

– Рековме дека склучивме договор за партнерство со СДСМ на централно и локално ниво зашто тоа е од заеднички интерес. Политиката е интерес и ние сме избрани да ги браниме интересите на заедницата што ја претставуваме, но без двојни стандарди – како зборуваме, така и работиме. Барам од вас да го поддржите кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, за градоначалник на град Скопје, исто како што и СДСМ не поддржува во Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево. И во вториот круг од овие избори, поддршката ќе биде меѓусебна, посочи Ахмети.

Според него, Македонија во изминатите две години имаше политичка криза која можеше да доведе и до меѓутнички судири, но со помош и поддршка на меѓународните партнери, постигнат е договор.

Инаку ова е прв пат македонска и албанска партија уште во првиот круг да остварата јавна и директна соработка на локалните избори. СДСМ „скокна“ неколку општини каде ќе нема свои кандидати, а истото го направи и ДУИ во општините каде сметаат дека коалицискиот партнер има поголеми шанси за победа. 

Како оваа соработка ќе се одрази на самите гласачи со оглед на досегашните национални стереотипи останува да се види на денот на изборите. 

Слично

Поврзани вести