Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХМЕТИ: Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги

АХМЕТИ:  Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пак се заканува. Тој вели дека Албанците нема да бидат маргинализирани. 

„Оваа држава не е држава со Уставот од 1989-та година, кога албанската и турската заедница беа маргинализирани. Ние нема да бидеме слуги, а Македонците да бидат аги. Загрозувањето на Охридскиот договор е опасност за мирот и стабилноста на регионот“, изјави Ахмети.

Ахмети истакна дека Охридскиот рамковен договор е темел за мир. 

„Овој договор прекина трагедии и го отвори патот на мирот. Компромисот не ги задоволи сите страни, но беше гарантиран од ЕУ и САД. Неговото загрозување ќе значи враќање назад, што е неприфатливо“, вели Ахмети. 

Додаде дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да работат за сите граѓани. Ахмети тврди дека не сакаат конфликт, туку влез во ЕУ. 

Слично

Поврзани вести