Економија, финансии, бизнис

Контакт

АХМЕТИ: Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

АХМЕТИ:  Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство

Според лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Македонија може да стане држава со два народи со бугарско и со албанско државјанство.

Претседателот на ДУИ ги повторил обвинувањата кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски дека не го почитувале легитимитетот на гласачите Албанци.

Вели дека решенијата на Мицкоски не биле праведни и рече дека државата нема издржани политики со соседите, како со Грците, така со Бугарите.

„Ние сме биле многу отворени и искрени, промена на Уставот е неопходна, бидејќи сите граѓани добиваме од тоа во насока на забрзување на нашиот пат кон ЕУ. Секој застој во оваа насока ќе има превисока цена, како што сме ја платиле таа цена со грчката страна, може да платиме висока цена и со бугарска страна. Но, тука цената може да биде уште повисока, споредувајќи ја со таа со грчката страна. Бројот на граѓани со бугарско државјанство расте секој ден. Можно е пакетот за членство во ЕУ, ако ние не ги направиме неопходните чекори, да биде изменет, Албанија да ги отвори преговори за членство во ЕУ, а ние да останеме назад и Албанија да стане членка, а ние држава со два народи кои имаат две различни државјанства. Со бугарско и со албанско државјанство, затоа овие пресметки треба долго да се размислат пред да се зборува и да се делува“, рече Ахмети.

Инаку, на пописот во Албанија бројот на Бугари испадна поголем од бројот на Македонци. Македонските здруженија укажаа на агитациите на Бугарите. Бугарија е задоволна од исходот. 

Бугарскиот амбасадор во Тирана, Ивајло Киров, изрази задоволство од пописните резултати според кои во Албанија живеат 7.057 лица со бугарска националност.

Слично

Поврзани вести