„АХ БРЕ МИЦКА, ОСВЕН ЗА ТЕНДЕРИ ЗА ДРУГО НЕ ТЕ БИВА“: Апасиев контра премиерот
Лидерот на опозициската Левица доцна синоќа со нова објава на социјалните мрежи се осврна на една од изјавите на премиерот, потсетувајќи го дека Македонија во минатото имала многу повеќе отколку што има денеска.
- Колку треба да си ситнодушен и малодушен политичар без визија, па да изјавиш дека Македонија немала капацитет за рециклирање - а да не знаеш дека уште во време на Југославија оваа држава имала и топилница, и стаклара, и компостара, и картонажа... кои можеле да го преработат речиси сиот отпад од амбалажа во малопродажба. Ах бре, Мицика, освен за тендери за друго не те бива - пишува Апасиев.
Слично
