Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агим Красниќи избега од затворот во Штип

Агим Красниќи избега од затворот во Штип

Агим Красниќи, осуденикот познат по тоа што подготвуваше напад на Скопје, не се пријавил во затвор Штип по викенд отсуството и официјално во сите надлежни институции сега се води како бегалец.

Ова го потврди директорот на затворот Мики Тодоров, кој забележува дека изминатите години Красниќи има користено викенд отсуства и секогаш се враќал во затвор Штип на издржување на казната затвор.

Красниќи има единствена казна затвор од 15 години и ја издржува од 2008 година, што значи дека му преостануваат уште три за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела.

Красниќи во 2005 година во село Кондово со својата група подготвуваше извршување напад на Скопје. 

Заканите на групата облечена во воени униформи и вооружена со автоматски пушки, снајпер, зољи и ракетни фрлачи претставуваа терористичка опасност за главниот град.


Слично

Поврзани вести