АГИМ ЈОНУЗ: Оваа влада направи крупен исчекор на патот кон ЕУ и НАТО за само една година
„Имено кога го оценуваме работењето на владата предводена од премиерот Зоран Заев, се зависи со која диоптрија го следиме работењето. Ако го следиме со диоптријата на евроинтеграциите, надорешната политика сметам дека оваа Влада е повеќе од успешна, затоа што исчекорот кој го направи, е многу поголем и од очекуваното. Пред се храброста на оваа влада да се фати со костецот, со горливиот проблем со името со цел да дојде до конечната победа, изгледа успеа затоа што оваа Влада не доведе до прагот на конечното етаблирање Македонија во современа Европа, заедно со останатите европски и светски цивилизации.
Гледајќи од другата диоптрија, економско - социјалниот дел, се чини дека секоја Влада која и да беше требаше да ја предпупреди јавноста дека ниту една нова Влада, после владеењето на Никола Груевски не може да не доведе до посакуваното економско - социјално - општествено ниво..Процесите во Македонија беа толку нарушени, така што средувањето на овие сфери оди многу тешко, ова ни укажува на тоа дека треба да бидеме среќени што повеќе не се давиме во кал.
Сметам дека Македопнија е на добар пат, да се стабилизира и конечно да почнеме нормално да живееме во Ребуплика современа Македонија“ - вели Агим Јонуз, аналитичар.
