Aгим Исмаиловиќ од вчера е во Шутка
Агим Исмаиловиќ обвинет во случајот „Монструм“ вчера е спроевден во затворот Шутка, откако за него беше побаран притвор.
Потрагата по Исмаиловиќ заврши вчера во 16 часот.
„Обвинетите од поднесувањето на обвинението до првата пресуда во притвор поминале 1.8 месеци и 5 дена и до завршувањето на овој месец, може да бидат најмногу уште 3 месеци и 25 дена, па законскиот максимум кон обвинетите се уште не е исцрпен. И затоа барам против Агим и Фејзи да се определи притвор поради опасност од бегство, а против Хаки поради истата опасност секој ден да се јавува во судот. Агим нема државјанство, нема имот, не е женет и нема деца и поради тоа не претставува никаква тежина да премине за неполн час во Косово“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи.
ВМРО-ДПМНЕ вчера побара оставка од првиот полицаец во државава, Оливер Спасовски кој, според нив „го достигна врвот на бламот играјќи мачка и глушец среде Скопје со криминалец кој им избега пред очи“.
Од СДСМ вратија дека Исмаиловиќ воопшто не избега.
Во случајот „Монструм“ обвинети се Хаки и Фејзи Азири, Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Сами Љута. Предметот е при крај, а според Фетаи, остануваат уште само две рочишта.
