Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агенцијата за спорт и млади побарала од спортските федерации да ги променат имињата, се менува и арената „Филип Втори“

Агенцијата за спорт и млади побарала од спортските федерации да ги променат имињата, се менува и арената „Филип Втори“

Владата пред две недели преку Агенцијата за спорт и млади побарала од сите национални спортски федерации да ги променат имињата во согласност со Преспанскиот договор, потврди владиниот портпарол Миле Бошњаковски за „Ефимерида Тон Синдактон“.

Грчкиот весник го упатил ова прашање откако забележал дека фудбалскиот национален тим како домаќин на квалификацискиот натпревар против Летонија бил означен како „Македонија“ во меч што се одржа на 21 март на стадионот "Филип Втори" во рамки на квалификациите за Европското првенство 2020.

"Овој процес веќе започна и е во тек за националните федерации од сите спортови кои ја претставуваат Република Северна Македонија. Во врска со проблемот со името на сцената, започна процесот на промена. Јавната служба одговорна за водење на стадионот го започна процесот на менување на името за да биде во согласност со Преспанскиот договор", гласел одговорот на Бошњаковски.


Слично

Поврзани вести