Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агенцијата за разузнавање го осуди инцидентот на Суперкупот во кој е инволвиран нивен вработен

Агенцијата за разузнавање го осуди инцидентот  на Суперкупот во кој е инволвиран нивен вработен

Агенцијата за разузнавање  денеска  изрази жалење и го осуди инцидентот кој се случи вчера пред арената „Филип Втори" во Скопје за време на Суперкупот, а во кој беше вмешан нивен вработен. 

Агенцијата се оградува од сите индивидуални постапки на вработените надвор од работното време.

За постапките на своите вработени надвор од работното време,  Агенцијата најавува дека ќе постапува во согласност со Законот за работни односи, Законот за Агенцијата за разузнавање и Правилникот за работа на Агенцијата.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска на прес-конференција на која се осврна за безбедноста на граѓаните и учесниците во Суперкупот на УЕФА, изјави дека е забележано спречување службено лице во вршење службено дејствие од вработен во Агенцијата за разузнавање. Тој се обидел преку ред и со службена легитимација да влезе на европскиот Суперкуп.

Слично

Поврзани вести