Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агенцијата за медиуми му порача на Заев дека не смее да ангажира новинари

Агенцијата за медиуми му порача на Заев дека не смее да ангажира новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека премиерот Зоран Заев не требало да го ангажира новинарот Љубиша Станковиќ како свој советник, бидејќи се јавува судир на улоги затоа што истовремено станува збор и за вработен во медиум. Во истото соопштение се алудира и на Ѓорги Калајџиев, кој е исто така медиумски работник, но не новинар, туклу водител во телевизија, а истовремено се најде на листата на советници.

Тоа, според АВМУ, претставува пречка за поставување професионална дистанца при информирањето на јавноста и да ја загрози слободата на изразување. Ваквиот двоен ангажман може да претставува пречка за поставување професионална дистанца при информирањето на јавноста и да ја загрози слободата на изразување.

-Улогата на медиумите е да бидат критичари и коректори на власта, и во тој контекст, неопходно е при ангажманот на кадарот, да водат сметка дека треба да обезбедат самостојност, независност и одговорност на уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика. Ова е важен предуслов за (меѓу другото) известувањето да биде објективно и непристрасно со  еднаков  третман  на  различните гледишта така што јавноста ќе може самостојно да гради мислење за општествените случувања и настани, наведува во соопштение АВМУ.

Агенцијата, како што наведува во соопштението, за ова ги информирала и премиерот Зоран Заев и двете телевизии.


Слично

Поврзани вести