Агенцијата за медиуми и Министерството за финансии со препукувања за парите околу изборниот процес
Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги и Министерството за финансии се скараа околу парите кои треба да легнат на изборната сметка.
ААВМУ денеска со допис до надлежното министерство побара да бидат префрлени средствата кои што како што велат од агенцијата се наменети исклучиво за финансирање на активностите за време на изборниот процес.
Со реакција се јавија од МФ откаде што тврдат дека денешната изјава на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги е со цел да се пласираат информации без содржина со цел креирање лажна перцепција дека некој некаде нешто опструира.
Велат дека агенцијата е добро запознаена со целата постапка и дека за исплата на средства за финансирање на Агенцијата за време на изборниот процес, според која Владата најпрвин треба да донесе одлука – процедура, која веќе е во тек, врз основа на која Министерство за финансии врши исплата на средствата, стои во соопштението.
