Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агенцијата за филм не го одобрува филмот „Ругање со Христос“

Агенцијата за филм не го одобрува филмот „Ругање со Христос“

Агенцијата за филм е независна институција од Министерството за култура и заедно ги осудуваме решенијата на претходните гарнитури кои финансирале проекти без никаква уметничка вредност и кои ги навредуваат чувствата на граѓаните, се наведува во соопштението на Министерството во врска со, како што велат, скандалозниот филм „Ругање со Христос“, финансиран од Aгенцијата за филм во 2015. година.

Од Министерството информираат дека се подготвува ново законско решение кое ќе ги спречи ваквите злоупотреби во иднина и ќе овозможи контрола врз темите, идејите и пораките што ги праќаат филмовите.

„Министерството и Агенцијата за филм потенцираат дека ова е последен пат со парите на граѓаните се снимаат филмови кои ги навредуваат истите тие граѓани. Такви тенденциозни играња со историја, настани кои наштетуваат на соживотот и животот на граѓаните, финансиери на истите дела, веќе нема да најдат поддршка“, стои во соопштението, во кое се наведува дека Агенцијата за филм веќе започнала голем број на постапки за проекти финансирани во минатото


Слично

Поврзани вести