Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги презадоволна од претседателските дебати

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги презадоволна од претседателските дебати

Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги го објави извештајот за информативната кампања на претседателските избори во кој искажа задоволство од големиот број на организирани дебати помеѓу претседателските кандидати - Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова о Блерим Река.

„Овој изборен процес се карактеризираше и со бројни дебати помеѓу претседателските кандидати што е значајно поместување нанапред во однос на повеќе претходни изборни процеси. Покрај неколкуте одржани во првиот круг, дебатни емисии помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски во вториот круг имаше на: МРТ1, која беше пренесена и на МР1 и МРТ2 (со превод на албански јазик), ТВ Канал 5 и на ТВ 24 Вести“, се вели во клучните наоди на извештајот.

АВМУ смета дека како и во целиот изборен процес, и сега, известувањето кај националните медиуми беше концентрирано на изборите за претседател на Републиката, со тоа што и онаму каде што се појавуваа информации за локалните избори, тоа најчесто беа еден до два прилога. Фокусот на обично помалубројните информации, кај регионалните и локалните телевизии остана на локалните избори.

„Одлика на медиумското претставување во вториот круг беше настојувањето да се обезбеди еднаков пристап во известувањето за активностите од кампањите на кандидатите за претседател Гордана Силјановска – Давкова и Стево Пендаровски, било индивидуално било со претставници на партиите кои ги поддржаа нивните кандидатури. Во известувањето за Предвремените локални избори кое беше кусо, се настојуваше да се почитува принципот на еднаквост“, заклучуваат од таму.

Тонот при известувањето за активностите од изборните кампањи на кандидатите за претседател и за градоначалници е оценет како генерално неутрален.

Известување за изборниот процес за лицата со оштетен слух на знаковен/толковен јазик обезбедија Јавниот сервис МРТ1, ТВ 24 Вести и регионалната ТВМ со седиште во Охрид.

Извештајот заизборното медиумско претставување на радиодифузерите во вториот круг од кампањата на Изборите 2019 е достапен наwww.avmu.mk


Слично

Поврзани вести