Економија, финансии, бизнис

Контакт

АГЕЛЕР ЗА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД: Се разгледуваат повеќе имиња, повеќе случаи

АГЕЛЕР ЗА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД: Се разгледуваат повеќе имиња, повеќе случаи

Амбасадорката на САД, Ангела Агелер денеска најави дека т.н. црната листа ќе се проширува затоа што тоа е нешто што го бараат и го наметнуваат законите на САД и таа е диманична и постојано претрпува промени. Рече дека никој не е над законот и треба да сноси последици. 

„Во секој случај има мноштво имиња кои можат да се изберат, се разгледуваат повеќе имиња, се разгледуваат случаи, се следи ситуацијата воопшто и може ќе ве разочарам зошто немам конкретен датум кога оваа црна листа ќе биде ажурирана, меѓутоа тоа постојано се прави“, изјави Агелер. 

Што се однесува до македонското законодавство, Агелер е со став дека реформите во правосудството се неопходни.

„Секоја реформа во Судскиот совет и воопшто, секоја реформа во судството треба многу внимателно да се разгледа и тие прашања да се разгледаат и да се донесат мудри одлуки, но во секој случај има еден патоказ од ЕУ, кој ние како амбасада и како земја го поддржуваме“, додаде Агелер.

Неколку лица од Македонија, бизнисмени и политичари се најдоа на црната листа на САД. Претходно, Агелер кажа дека во земјава има „епидемија на корупција“ и дека граѓаните заслужуваат подобри институции. 

Слично

Поврзани вести