Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агелер откако Мерко се најде на црната листа: САД ќе продолжи да се бори против секоj кој го поткопува владеењето на правото

Агелер откако Мерко се најде на црната листа: САД ќе продолжи да се бори против секоj кој го поткопува владеењето на правото

Oткако струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е ставен на црната листа на САД, со што му се забранува влез во земјата,  американската амбасадорка Анџела Агелер потенцираше дека САД ќе продолжи да се бори против секој оној кој го поткопува владеењето на правото.

„Соединетите држави ќе продолжат да повикуваат секого – без разлика на позицијата или политичката партија – што го поткопува владеењето на законот, кој го загрозува напредокот и стабилноста на Северна Македонија“, пишува Агелер. 

Вели дека народот заслужува функционери со интегритет. 

Во писмената изјава на портпаролот на Стејт депратментот, Метју Mилер се вели дека Рамиз Мерко како градоначалник злопотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси. Оваа забрана се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.

Слично

Поврзани вести