Економија, финансии, бизнис

Контакт

АГЕЛЕР: Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ

АГЕЛЕР: Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ

Тие договори се веќе направени, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ, вели американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа. Од новата Влада граѓаните треба да бараат транспарентност и справување со корупцијата. Агелер вели и дека секогаш постои ризик од влез на корозивен капитал и власта треба да одговори на сите прашања.

„Демократијата е многу кревка работа, и ја следевме земјата во периодот на кампањата и на изборите кои беа предизвик и за граѓаните и за кандидатите во оваа земја. Резултатите, меѓутоа, беа многу дефинитивни. Изборите беа фер и демократски, сеедно која партија и кого граѓаните подржаа. Да се види овој демократски процес како напредува е позитивно за луѓето во оваа земја. Тие многу јасно кажаа на раководствотo дека сакаат да видат промена. Новата Влада јасно кажа за време на нивната кампањата кои сметаат дека се тие потребни промени. И сега е одговорност, мислам, на секој граѓанин во оваа земја и на сите нас да ги држиме за збор, се види дали се совпаѓаат активностите со изјавите дадени за време на кампањата“, рече амбасадорката. 

Инаку, вели дека ќе следат дали овие ветувања ќе се реализираат. 

Слично

Поврзани вести