АГЕЛЕР: Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон ЕУ зашто не сме членка на Унијата
Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон ЕУ зашто не сме членка на Унијата, вели американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.
Сепак, таа рече дека силната поддршка останува.
„Мислам дека за тоа се водат и се воделе разговори со високите претставници на ЕУ, но мило ми е што премиерот и членовите на неговиот Кабинет се во Вашингтон. Фактот што тој е неколку пати таму откако ја презема неговата позиција како премиер, исто како и многу други министри само зборува за близината на нашите односи и на многу начини покажува дека ние како САД и Северна Македонија билатерално може да соработуваме. Очекувам дека таа соработка да биде зајакната“, рече Агелер на примопредавање на мобилно оперативно возило на Црвен крст.
Албанија ги почна преговорите, а Македонија остана во чекалната на ЕУ. Бугарија бара Македонија да внесе Бугари во Уставот, за да може да ги почне преговорите.
