Економија, финансии, бизнис

Контакт

АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски

АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски

Американската амбасадорка Ангела Агелер, го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Таа му честиташе и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура или по наше кажано – не ја блокирал, како што прави вообичаено ВМРО-ДПМНЕ.   

„Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска, следниот заменик генерален секретар на НАТО и на  Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер. 

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека ова е голем успех и одговорност. 

Радмила Шеќеринска денеска во Брисел e избрана за Заменик генерален секретар на НАТО и со тоа практично стана втор човек по редослед на функциите.

Генералниот секретар Марк Руте рече дека со нетрпение чека да работи со неа. 

Слично

Поврзани вести