Агелер: Ќе има нови имиња на „црната листа“
Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, денеска како одговор на новинарско прашање најави нови имиња на таканаречената американска „црна листа“ кои ќе подлежат на санкции.
- Оваа листа е многу динамична. Секогаш се разгледуваат и се дискутира за нови имиња. Немам рок кога ќе бидат објавени, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но можам да ве убедам дека додека зборуваме овде, одреден број на имиња се разгледуваат.Ние во секое време работиме на нови имиња и правовремено ќе ги дознаете, рече денеска Агелер.
Слично
