Економија, финансии, бизнис

Контакт

АГЕЛЕР: Јас гласав, се надевам и очекувам дека ќе има мирна и фер транзиција

АГЕЛЕР: Јас гласав, се надевам и очекувам дека ќе има мирна и фер транзиција

Како амбасадор во Македонија мојата порака е дека е од витална важност секој граѓанин да излезе да гласа, вели американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер. 

Рече дека гласањето во демократијата е тајна одговорност и огромна привилегија. 

„Јас гласав. Се надевам и очекувам дека ќе има мирна и фер транзиција на власта. Тоа е она што го очекуваме сите и се надеваме дека така и ќе биде“, рече Агелер.

Во САД денеска беа отворени гласачките места за претседателските избори, каде граѓаните го избираат шефот на државата меѓу поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и кандидатката на владејачките демократи Камала Харис.

Иако претседателот Џо Бајден не е кандидат на тековните избори и неговото име не е на гласачкото ливче, исходот од изборите сепак има големо значење за него лично и за неговото политичко наследство.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести