Економија, финансии, бизнис

Контакт

АГЕЛЕР ЈА ПОФАЛИ МАКЕДОНИЈА ЗА ПОМОШТА ЗА УКРАИНА: Северна Македонија ги потврди своите вредности како лојална земја членка на НАТО

АГЕЛЕР ЈА ПОФАЛИ МАКЕДОНИЈА ЗА ПОМОШТА ЗА УКРАИНА: Северна Македонија ги потврди своите вредности како лојална земја членка на НАТО

Американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за ТВ Канал 5 изјави дека Северна Македонија ги потврди своите вредности како лојална земја членка на Алијансата. Таа е четвртата земја која по број на жители помогна на Украина и тоа не само со воена опрема, туку и преку други начини на асистенција. 

Таа им се заблагодари на граѓаните и институциите на земјава што ја поддржале Украина и нивните напори, преку НАТО и преку други начини против, како што рече, ужасната, бруталната и крвавата инвазија на Русија и рускиот претседател Владимир Путин и војната која трае скоро две години.

На прашањето дали претседателските избори во САД годинава може да влијаат на динамиката на помошта кон Украина, Агелер одговори дека не постои замор и дека во изминатите денови  Сенатот ја одобри помошта во вредност од 61 милијарди долари намената за Украина, а сега е на ред Претставничкиот дом.

„Јас силно верувам дека граѓаните на САД силно ја поддржуваат Украина, заштитата на нивниот суверенитет и обидите да се заврши војната, затоа сум прилично убедена дека ќе продолжиме со помошта, исто како што сум убедена дека граѓаните на оваа земја ќе ги направат истото“, изјави амбасадорката на САД.

Дали ако не се реши набрзо конфликтот во Украна, има опасност да се прелее и да го загрози Западниот Балкан кој и онака е ранлив, Агелер одговори дека тоа е важно прашање зашто војните и конфликтите не стојат во границите.

„Никој не е безбеден, Путин нема да се откаже доколку не е победен“, рече Агелер.

Рече дека Русија е активна и сака да создава хаос. Како што претходно беше соопштено, украински војници беа тренирани во Македонија. Украина скоро две години е во војна со Русија. 

Слично

Поврзани вести