Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агелер испрати писмо со загриженост од работата на Апелациониот суд

Агелер испрати писмо со загриженост од работата на Апелациониот суд

Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, на 11 април годинава испратила писмо до судските и извршните органи во кое ја изнесува својата загриженост поради поништени решенија против високи профили кои Апелациониот суд ги врати на првостепена постапка.

Таа во писмото ги потсетува институциите дека САД вложиле половина милијарда евра за реформи во судството. Од Министерството за правда потврдиле за Канал 5 дека таков допис е стигнат и истиот ќе биде разгледан. Според информациите на Алсат, дописот со иста содржина, освен до Владата (премиерот), бил испратен и до министрите Кренар Љога и Бујар Османи, до Врховниот суд, Апелациониот суд и до некои други Основни судови.

„Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите“, забележала Агелер.

Писмото главно се однесува на случаите за поранешните функционери кои ја злоупотребиле службената должност и го оштетиле државниот буџет. 




Слично

Поврзани вести