Економија, финансии, бизнис

Контакт

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

Aмериканската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер на официјалниот Фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината.

„Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи… мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање“, пишува Агелер.

Утре ќе се одржи првиот круг од претседателските избори. Вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори. Ќе гласаат над 1.8 милиони избирачи. 

Слично

Поврзани вести