Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агелер го поздрави потегот на Османи да замине во Софија

Агелер го поздрави потегот на Османи да замине во Софија

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер во интервју за Телма изјави дека верува дека оваа земја е спремна да одговори на задачата, иако мора да носи тешки одлуки на патот кон ЕУ. Таа говореше и за уставните измени кои се важни за да Македонија оди напред. 

Амбасадорката го поздрави потегот на македонскиот министер за надворешни, Бујар Османи затоа што отишол да разговара со властите во Софија. 

„Лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено“, рече таа. 

Вели дека во следните месеци ќе бидат објавени неколку имиња, односно ќе има црна листа. Ги повика граѓаните да бидат трпеливи и додаде дека нема да има само една листа, туку тоа ќе биде процес кој ќе трае. За Косово вели дека состојбата е загрижувачка. Рече дека лидерите на Србија и Косово треба да практикуваат дијалог. 

За критиките на политичарите за медиумите, рече дека новинарите треба да критикуваат, но тоа да не биде напад на поединци. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести