Африм Исмаиловиќ е уапсен во Приштина
Африм Исмаиловиќ, осуден за случајот „Монструм“ вчера е уапсен во Приштина.
Полицијата го уапсила поради учество во сообраќајна несреќа, објави денеска порталот „Газета експрес“. Неговиот адвокат Бесник Бериша изјави дека по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и притоа надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.
Исмаиловиќ, како и неговиот брат Агим и Халил Демири, на 23 февруари годинава беа осудени од Кривичниот суд во Скопје на доживотен затвор по обвинението дека на 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро извршиле петкратно убиство. Двајца други обвинети, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени на 15, односно девет години затвор.
Роднините на осудените во процесот денеска протестираа во Скопје.
