Економија, финансии, бизнис

Контакт

АФРИМ ГАШИ ЗА ФАКТОР: Го почитуваме ставот на СДСМ, но и тие треба да имаат разбирање за нашите барања

АФРИМ ГАШИ ЗА ФАКТОР: Го почитуваме ставот на СДСМ, но и тие треба да имаат разбирање за нашите барања

Африм Гаши, еден од  членовите на најтесното раководство на движењето БЕСА за Фактор  со став по синоќeшната средба на албанските партии.

Африм Гаши: За добивање  на мандатот за СДСМ немаме никаков услов,  а за состав на Влада ќе треба да добиеме понуда од  лидерот  Зоран Заев а потоа ќе преговараме. Во принцип нашите  барања се поврзани за нашата електорална платформа - Редефинирање и за принципите кои ги посочивме веднаш после изборите:

1. Не учествуваме во влада со личности кои се инкриминирани од СЈО;

2. Започнување преговори и широка дебата за редефинирање на политичкиот систем во државата

3. Усвојување заедничка владина програма која ќе биде објавена и поставена во јасни временски рокови.

АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ  НЕ ЈА ДРЖАТ МАКЕДОНИЈА  ВО ЗАЛОЖНИШТВО

Фактор: Во македонската јавност  се има впечаток дека албанските партии ја држат земјата во заложништво  поради барањата кои ги испорачаа како услов за формирање на Влада?

Африм Гаши:  Ваквиот впечаток е многу тенденциозен и дури шовинистички. Никој нема право постапките на ДУИ да ги поистоветува со сите политички партии на Албанците во Македонија .

Ги почитувам ставовите на СДСМ и на сите други партии,  но не се согласувам со сите. Како што тие имаат таков став треба да се почитуваат и барањата на другите кои имаат свој начин како Македонија ќе биде подобра држава за живеење.

Горазд ЧОМОВСКИ

Слично

Поврзани вести