АФРИМ ГАШИ НИТУ ЕДНАШ НЕ БИЛ ВО КОЧАНИ: Објасни зошто не заминал таму по пожарот
Собранискиот спикер, Африм Гаши во 24 анализа изјави дека не бил во Кочани ниту еднаш откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во март. Објасни дека причината поради којашто не го посетил градот е тоа што не знае каква реакција ќе има од граѓаните.
„Не сум бил ниту еднаш во Кочани, но ги посетив сите пациенти во сите болници без присуство на јавност. Ние дадовме изјава надвор пред градска болница, но во останатите болници немаше камери. Не би сакал контекстот да се става во ваков начин. Моето неодење во Кочани не значи дека не сум трогнат“, рече Гаши.
Тој додаде и дека доколку семејствата на повредените и загинатите побараат средба, ќе се сретне со нив. Во пожарот настрадаа 62 луѓе, а околу 200 беа повредени.
Повредените кои користат услуги во кочанската болница се пожалија дека условите не се добри. Mногу земји, почнувајќи од соседите па до Летонија, Шпанија, Шведска и други помогнаа во лекувањето на повредените.
