Економија, финансии, бизнис

Контакт

Африм Гаши го пофали навивањето синоќа во Скопје: Достоинствен пример внатре и надвор од стадионот

Африм Гаши го пофали навивањето синоќа во Скопје: Достоинствен пример внатре и надвор од стадионот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, синоќа присуствуваше на Националната арена во Скопје на квалификацискиот фудбалски натпревар на Шкендија од Тетово, по што упати посебна благодарност до навивачите, кои според него се пример за национални вредности, и внатре и надвор од стадионот.

„Особено им честитам на навивачите, кои беа подеднакво достоинствен пример за нашите национални вредности, внатре и надвор од стадионот. Со самодоверба и оптимизам го очекуваме резултатот од реваншот, убедени дека Шкендија ќе се бори до крај“, заклучил претседателот на Парламентот.

Гаши беше во присуство на вицепремиерот Изет Меџити, министерот за економија, Бесар Дурмиши и сопственикот на Шкендија, Газим Дестани.

Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа националистички извикувања, и покрај претходните апели за толерантно навивање.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше брзо по испадите на мала група навивачи на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.

Инаку, Шкендија го загуби натпреварот од Карабах со 1:0.


Слично

Поврзани вести