Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АФРИМ ГАШИ Е РОДЕН ВО СКОПЈЕ, А НЕГОВАТА ТАТКОВИНА Е СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ - спикерот не бил добро разбран, објасни што сакал да каже

„АФРИМ ГАШИ Е РОДЕН ВО СКОПЈЕ, А НЕГОВАТА ТАТКОВИНА Е СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ - спикерот не бил добро разбран, објасни што сакал да каже

Африм Гаши, претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, денеска преку соопштение објавено преку фејсбук-статус објаснува дека: „Северна Македонија е мојата татковина, а Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“.

Гаши вели дека некои медиуми ја искривиле негвата изјава и дека можеби станува збор за привлекување внимание.

„Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија.

Да појаснам и за јавноста, точната изјава во моето интервју беше дека ‘Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив’.

Сепак, верувам дека се разбираме доволно добро за да не бараме детални објаснувања за поимите како родно место, татковина или мајковина, бидејќи албанскиот јазик користи и сложена именка што комбинира мајка и земја. За мене најважно е преку нашите постапки да покажеме како ја гледаме нашата земја, која е нашата посветеност кон неа, кои се нашите придонеси и да правиме разлика меѓу оние кои ја градат и збогатуваат и оние кои ја уништуваат и крадат.

Од тврдењата и изјавите за патриотизам граѓаните немаат никаква корист, а ние не сме тука да се натпреваруваме кој е попатриот. Јас не уживам во такви дебати и ова е мојата конечна изјава за оваа тема“, вели Гаши.

Објавивме дека вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повика својот коалиционен партнер Африм Гаши, кој како претседател на Собранието во телевизиска изјава рече дека „Неговите родители се родени на Косово и дека Косово е негова татковина“, да им се извини на граѓаните.

„Не ја слушнав таа изјава на Гаши, со него сме разговарале и тој ме убедил дека ја сака Македонија. Ако рекол така, тогаш треба да им се извини на граѓаните, зоштои неговата татковина е Македонија и плата зема од Македонија“, рече мандатарот.

Гаши беше изгласан за нов претседател на Собранието со 76 пратенички гласа, кои дојдоа од новата коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

Слично

Поврзани вести