Економија, финансии, бизнис

Контакт

АФРИКАНСКИОТ БРАН ГО „ТОПИ“ БАЛКАНОТ, ДЕНЕСКА УШТЕ ПОТОПЛО ОД ВЧЕРА: Попладне во Скопје се очекува пороен дожд

АФРИКАНСКИОТ БРАН ГО „ТОПИ“ БАЛКАНОТ, ДЕНЕСКА УШТЕ ПОТОПЛО ОД ВЧЕРА: Попладне во Скопје се очекува пороен дожд

Според метеоролозите денска се очекуваат повиоки температури и од вчера. УХМР најавува температури ди 39 степени. Територијата на Македонија и понатаму се наоѓа под влијание на многу топла воздушна маса која продира од југ, односно од северните предели на Африка. Тоа условува високи температури кои се над просекот за овој дел од годината.

Денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне особено во планинскте региони ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината со услови за појава на пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Слично

Поврзани вести