АФРИКАНСКИ БРАН ПОВТОРНО: Еве кога ќе залади
Следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени, соопшти УХМР.
Дестабилизирање на времето се очекува од среда кога и температурите постепено ќе бидат во опаѓање.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Околу пладне и попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Слично
