АФРИКАНСКИ БРАН, МАЧНО И СПАРНО ВРЕМЕ: Дождови од среда попладне, што не очекува следнава недела?
Повторно летни
температури од почетокот на следнава недела прогнозира Славчо Попоски кој
наведува дека Македонија е зафатена од топол африкански бран и сахарска прашина
и песок.
-Нашата територија се наоѓа под влијание на силно јужно и југозападно воздушно струење кое условува невообичаено високи температури на воздухот за овој период од годината и спарина. Ваквото јужно струење ќе продолжи и следната седмица, а во исто време од Сахара кон Македонија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно, додека температурите на воздухот и понатаму ќе бидат значително над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27, 28 степени. Релативно високи ќе бидат и ноќните, како и утринските температури. Во следните часови во западните предели ќе има услови за локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. Јужниот ветер кој го имаме ќе продолжи да дува и понатаму во следните часови, а јужен ветер ќе имаме и следната седмица. Повеќе врнежи ќе има во среда доцна попладне и во текот на ноќта кон четврток, како и во четрток кога локално ќе биде и нестабилно со појава на грмежи. Температурите во Скопје и околината пак ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 27 степени. Вчера во Битола беа измерени дури 29 степени, а воедно овој град вчера беше и најтопол во Македонија, посочува Попоски во најновата прогноза на времето.
