Економија, финансии, бизнис

Контакт

Африканец приведен на Александар Велики - Сакал од отпатува со лажен пасош

Африканец приведен на Александар Велики - Сакал од отпатува со лажен пасош

Вчера во 13,30 часот на ГП„Аеродром Александар Велики" на излез од Р.Македонија, поради употреба на фалсификуван италијански документ бил приведен А.Б. (24) од Република Гана, држава во западна Африка.

Причината поради која сакало да отпатува со лажна исправа не е утврдена но, можно е да се работи за обид за мигрирање во европска земја.

Лицето било преземено од страна на инспектори и по консултација со Јавен обвинител, на истиот му биле одземени личните документи и ќе му биде поднесена кривична пријава по редовна постапка, известуваат од полицијата.



Слично

Поврзани вести