АФРИКА СПРОВЕДУВА ПОПИС, А ВИЕ НЕ МОЖЕТЕ ЌЕ РЕЧЕ ЕУ: Шеќеринска со жесток коментар на ставот на Мицкоски за пописот
Министерката за
одбрана, Радмила Шекеринска во синоќешната емисија „Клик Плус“ на ТВ21 говорејќи
на темата попис истакна дека тоа за нив е исклучително важна и сериозна
статистичка операција, а не политичка.
-20 години да не можете да спроведете попис, како ќе ја убедете утре ЕУ дека сме ефикасна земја? Ќе кажат дека во Африка се спроведува попис, а вие не можете, потенцираше таа.
Коментирајќи ги ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, пред се на лидерот, Христијан Мицкоски, дека нема да го признаат пописот, Шекеринска, катогорична:
-Ако го слушаме него, нема да имаме попис, немаше да има ниту избори, ни поддршка кон компаниите. Немаше да помине ниту еден закон немаше да помине, единствено ќе постоеше белата палата. Но, ние успеавме да станеме дел од НАТО, бидејќи не го слушавме Мицкоски, нагласи министерката за одбрана.
ФОТО/Фејсбук