„АФРИКА“ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Подгответе се за првиот топлотен бран кој доаѓа во недела
Започнувајќи од викендов, особено од недела,1 јуни, во Македонија ќе започне да доаѓа топол воздух од Африка. Tемпературите значително ќе бидат во пораст, што значи дека, конечно може да очекуваме летни температури на воздухот, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Како што најави тој, веќе од недела и целата наредна седмица, во земјава ќе се почувствуваат првите летни температури. Времето ќе биде стабилно, сончево и топло.
Во Скопје и околината, за време на викендот ќе започне порастот на температурите на воздухот, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
„Температурите, особено од недела ќе бидат летни и во значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје и околината температурата за време на викендот ќе се искачи до околу 27 степени,“ додава Поповски.
