Економија, финансии, бизнис

Контакт

АФЕРА ДВОЈНИК: Од МВР сакале подолго да ги следат фалсификаторите, но по „пробивањето“ одлучиле за следното утро, за тие да не побегнат

АФЕРА ДВОЈНИК: Од МВР сакале подолго да ги следат фалсификаторите, но по „пробивањето“ одлучиле за следното утро, за тие да не побегнат

Со ПИ-мерки се собирале докази за вработените во МВР кои пред неколку дена беа уапсени во полициската акција „Двојник". Откако биле добиени оперативни сознанија, по наредба од обвинител започнало следењето на дел од вработените во МВР , брифираат извори од истрагата за порталот МКД.мк.

Следењето на комуникациите на дел од осомничените, им дало насоки на обвинителите да ја прошират листата на осомничени лица и на списокот за ПИ-мерки да додадат и други лица за кои била издадена наредба. Иако прислушувањето согласно Законот за кривична постапка може да трае четири месеци, па потоа да се продолжи уште за четири четири или шест месци, во акцијата „Двојник" сите не биле прислушувани во исто време, па затоа и истрагата траела подолг временски период.

Мрежата била следена околу две години, а се собирале доказите за да може да се реализира акцијата.

Разговорите кои ги воделе осомничените лица и комуникациите кои ги имале, ја прошириле истрагата и надвор од границите на државава, а како што веќе соопшти и министерот, Оливер Спасовски на прес-конференција. Поддршка за истрагата била дадена и од страна на Регионалната канцеларија за безбедност и истраги при амбасадата на САД во Скопје, како и Генералниот секратаријат на Интерпол Лион и Интерпол Скопје.

Иако акцијата беше спроведена ден по брифингот на ВМРО-ДПМНЕ од каде на медиумите им беа дадени податоци за ваквата акција, според сознанија на порталот МКД.мк, проценките биле дека истрагата требало да трае уште одреден период, па потоа кога ќе биде спроведена кај нас, координирано да се апсат и лица надвор од државава.

Но, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ јавно обелодени детали за акцијата во период кога траела истрагата, проценките на службите во МВР дека акцијата мора да се спроведе веќе рано наутро, следниот ден, за да не се остави простор за бегство на вработените во МВР.

Истрагата ќе продолжи и се проширува. Дали имало и други лица кои им помагале и биле вмешани во истрагата, ќе се знае во наредниот период за кога се очекува со официјални детали по завршување на истрагата од Основното јавно обвинителство, Скопје.

Слично

Поврзани вести