Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аерозагадувањето убило 160.000 луѓе во неколку големи градови

Аерозагадувањето убило 160.000 луѓе во неколку големи градови

Загадувањето на воздухот убило 160.000 луѓе во големите градови. 

Kaко што објави невладината организација за заштита на околината Greenpeace Southeast Asia, најпогоден од загадениот воздух е индискиот главен град  Њу Делхи. Тој е најзагадениот град во светот, каде што 54.000 смртни случаи минатата година се резултат на опасните честички PM2.5.

Во јапонскиот град Токио поради аерозагадувањето починале 40.000 луѓе, а потоа следуваат Шангај, Сао Паоло и Мексико сити. Економските загуби кои се резултат на загадувањето се проценуваат на 85 милијарди долари.

Вечерва Лахоре во Пакистан е најзагаден, а зад него е Дака во Бангладеш и трет е Њу Делхи. Потоа следат Кабул во Авганистан и Калкута во Индија. На листата на air visual зад нив е Ханој во Виетнам. 

Слично

Поврзани вести