АЕРОЗАГАДУВАЊЕ: Во кои градови вечерва најтешко се дише?
Високо загаден воздух вечерва дишат жителите на Гостивар, Кичево, Битола, Кавадарци и Струмица, како и делови од главниот град.
Ова го покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.
Ниско загаден е воздухот во Куманово, Охрид, Тетово, делови од Скопје, Кочани и Куманово. Многу ниско загаден воздух дишат граѓаните на Гевгелија, Дебар, Прилеп, и Берово.
Иницијативата „Зелен хуман град“ најави протест за чист воздух во Скопје кој ќе се одржи на 10 декември. Маршот ќе почне пред Министерството за животна средина, ќе се движат до Собранието, а ќе завршат пред Владата.

Слично
