АЕРОЗАГАДУВАЊЕ: 28 дена во Новата година граѓаните дишеле загаден воздух
Според евиденцијата на Министерството за животна средина вкупно 28 дена од почетокот на 2018 година, мерните станици во Кавадарци, Лисиче и Ректорат регистрирале загаденост со ПМ 10 над дозволената граница.
Последните надминувања се регистрирани вчера кога концентрацијата на штетните честички во воздухот имале вредност и над 300 микрограми на метар кубен. Мерките и препораките против загадувањето на воздухот, оваа зима се воведуваат по трет пат.
Во моментов високо загадени се Тетово и Куманово.
Но, Скопје денеска не е во топ 10 најзагадени градови во светот, иако вчера беше на 8 место, а претходно и на високото 4 место.
Слично
